Никола Груевски: Може да се зголемат платите без да се предизвика инфлација, еве како јас го направив тоа

Прочитај за: < 1 минута

Поранешниот премиер Никола Груевски, во нов коментар на Фејсбук, ги отфрла тврдењата на Владата на Ковачевски ека не може да се зголемуваат платите во јавниот сектор бидејќи со тоа ќе се предизвика инфлација.

Груевски потсетува дека во неговиот мандат на власт, во тешки кризи, тој успеал да го стори истото, без штетни последици.

Во периодот додека бев премиер (а претходно во една прилика и како министер за финасии), платите во администрацијата се покачија неколку пати надвор од оние годишни усогласувања на платите со инфлацијата и трошоците за живот и тоа беше направено вклучително и во услови на голема светска финасиска и европска должничка криза и рецесии. Немаше ефект на инфлацијата, или барем не некој сериозен ефект, пишува Груевски.

 

SHARE