Не се ова „бомбите“ па да се бара одговорност – на Ковачевски не му се слуша дали гласот на снимката е на Талат Џафери

Прочитај за: < 1 минута

Премиерот Димитар Ковачевски ја погледнал снимката на која се слуша гласот на претседателот на Собранието Талат Џафери, но не може да ја коментира зашто, како што изјави денеска, од неа не се гледа ниту кој разговара, ниту со кого разговара. На снимката јасно се слуша како Талат Џафери се дере на некого, бркајќи го подалеку од себе.

Таа снимка ја погледнав, но се работи за некаков разговор на кој не се гледа ниту кој разговара, ниту со кого разговара. Затоа, од таа причина не можам да коментирам дали претседателот на Собранието разговара со некого во сала, дали е тој вработен или не е. Навистина не можат да дадам конкретен одговор зашто на снимката не се гледа кој зборува и со кого зборува – кусо одговори Ковачевски на новинарско прашање по посетата на фабриката „Брако“ во Велес.

Во јавноста вчера излезе снимка на која се слуша Талат Џафери како разговара со вработени во Собранието.

До не толку одамна, СДСМ бараа тајно направени снимки да се користат не само за политичка одговорност туку и како доказ пред суд. Но затоа, сега, кога тие или нивните коалициски партнери се во прашање, ова правило веќе не важи.

SHARE