Нема договор – штрајкот продолжува

Прочитај за: < 1 минута

Синдикатот СОНК и Владата не постигнаа договор за прекин на штрајкот. Претседателот на СОНК Јаким Неделков штотуку ги информираше медиумите по преговорите со претставници на власта.

За жал немаме добри вести за јавноста. Штрајкот ќе продолжи и во наредните денови од причина што немаме конкретно ветување дека зголемувањето на платите ќе биде во висина од некој процент. Повеќе се движеше разговорот, преговорите во делот на продолжување на наставата, кога ќе продолжи, како ќе се надополнат часовите. Ние имаме став дека може и поинаку да заврши учебната година, дека не мора да се продолжува годината и дека ќе може да се надокнадат тие изгубени часови во текот на оваа година, изјави Неделков.