Некој ги оштетил спомениците на македонските поети во Струга – главата на Анте Поповски фрлена во езеро

Прочитај за: < 1 минута

На 18-годишнината од смртта на познатиот македонски поет Анте Поповски, непознати сторители во Струга ја вандализирале неговата и бистата на поетот Славко Јаневски, а неговата глава ја откорнале од постаментот и ја фрлиле во Охридското езеро, дознава СДК.

Како тоа да не било доволно, главата на еднакво важниот македонски поетски бард Славко Јаневски била свртена наопаку на бетонскиот постаментот.

– Настанот е пријавен, полициски екипи веднаш излегоа на терен да извршат увид на местото каде е извршено оштетувањето – вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Директорот на поетската манифестација Струшки вечери на поезијата (СВП), Тодорче Тасевски, го осуди вандализирањето на бистите на македонските поети. Тој кажа дека излегле веднаш на терен за да ги извадат бистите од Охридското езеро и да ги вратат на нивните постаменти.

– Жалиме што ова не е единствен инцидент, се случувало и претходно и уште еднаш апелираме да престанат ваквите вандалски чинови – вели Тасевски, кој ја повикува целата македонска јавност да се почитуваат придобивките на нашата поетска традиција.

SHARE