Недвижнините за неколку години ќе ја дуплираат вредноста

Прочитај за: < 1 минута

Вицепремиерот, Кочо Анѓушев, од позиција на стопанственик им порача на граѓаните да инвестираат во недвижнини затоа што за неколку години, рече тој, ќе се зголеми вредноста.

На економската трибина „Силна економија, шанса за сите“, денеска во Кавадарци, Анѓушев ги охрабри кавадарчани да инвестираат во преработувачки капацитети во делот на земјоделието и рече дека сега е моментот.

-Сакам да им порачам на сите што имате намера да инвестирате, направете го тоа сега. Ви зборувам како стопанственик, како човек, кој се обидува да ги види работите три чекори напред, праксата покажала дека во многу наврати сум ги видел, не секогаш најдобро, многу пати човек грешки. Но она што сега го гледам е дека квадрат стан, квадрат деловен простор во Софија, Букурешт, Будимпешта, пред десетина години кошташе 800 до 1000 евра, денеска кошта 2.500 до 3.000 евра. Тоа ќе се случи и во Република Северна Македонија. Градете, инвестирајте. Се што ќе направите во овие следни години, после неколку години ќе има вредност пута два, пута три. Тоа не можете да го направите на друг начин – рече Анѓушев.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE