На езерото му се заканува да пресуши

Прочитај за: < 1 минута

Нивото на водата на Преспанското Езеро е дури за 1.63 метри пониско од просекот за овој дел од годината. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека езерото е на три сантиметри под нивото кое се смета за апсолутен минимум за одржување на биолошкиот живот.

Преспа е во долготрајна криза, со значително повлекување на водата поради што некогаш крајбрежните имоти и барови се најдоа длабоко на копно. Се стравува дека ова ќе има сериозни последици за живиот свет во второто најголемо езеро во Македонија.

Во меѓувреме, Охрид е 14 сантиметри под просекот за февруари. Дојранското Езеро, пак, е за 2,87 метри над просекот.