На болно близначе му се потребни нашите донации за да се оперира во Италија

Прочитај за: < 1 минута

Јован Туфекчиев има потреба од наша голема помош. На 2-годишното момче му е дијагностицирана ретка болест Бета-таласемија мајор, која претставува нарушување на крвта.

Единствен лек за неговата болест е трансплантација на коскена срж од соодветен донор. Среќна околност е што неговата сестра близначка е компатибилен донор, но за реализација на трансплантацијата и лекувањето потребна е многу голема сума што неговото семејство не може да ја обезбеди.

Трансплантацијата треба да се изврши во болницата Bambino Gesu во Италија, а за тоа се потребни 190.000 евра. Јован е единствениот регистриран случај со оваа болест во нашата земја.

Броеви за донации

А1: 143 484

Телеком: 143 128

За донации на трансакциска сметка:

Јован Туфекчиев

210-7000006717-64

НЛБ Тутунска Банка

За донации онлајн, линкот е:
https://www.gofundme.com/f/help-jovan-to-have-a-better-life?

SHARE