
Мислам дека сега веќе секому му е јасно дека проблемите со Бугарија нема да завршат со внесувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот на Македонија.
Тие едноставно ќе измислуваат нови и нови барања со кои ќе се обидат да го остварат еден од најголемите националистички соништа на Бугарија – Сан Стефано.
И не, веќе не е до нас (и покрај ваквите тврдења на Маричиќ).
Сега е до ЕУ.
ЕУ мора да го препознае проблемот во сопствените редови и да се обиде да ја затвори отворената рана на заедницата низ која се влева руското влијание кое го храни бугарскиот национализам и кое е еден од факторите на дестабилизација на Балканот.
(фејсбук статус на Мирјана Најчевска)