Најчевска: За идните избори не е застрашувачка можноста да изгуби СДСМ и да се врати ВМРО-ДПМНЕ, туку извесноста дека ќе победи една од овие партии

Прочитај за: < 1 минута

Како што неодамна реков: во моментов нема апсолутно никаква (читај НИКАКВА) разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Во моемнтот кога коруптивните настани, неодговорноста и злоупотребата на власта станат секојдневие во кое една негативна вест се надоврзува на друга, СДСМ едноставно ја премина границата и враќање назад нема.

Еднакво се корумпирани, еднакво се неодговорни, еднакво се непрофесионални, еднакво крадат и еднакво ја упропастуваат државата како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ кога беше на власт.

За идните избори не е застрашувачка можноста да изгуби СДСМ и да се врати ВМРО-ДПМНЕ, туку извесноста дека ќе победи една од овие партии.