Најдолго чеканото кафе во историјата

Прочитај за: 2 минути

Лидија Гиновска, попозната како Лиде Лиде – огнената обожавателка на екс-министерот за здравство Венко Филиче – конечно го испи долго чеканото кафе со својот миленик.

Лиде упорно го канеше Филипче на кафе од почетокот на пандемијата, кога министерот стана јавна личност со своите самоуверени настапи. Но, среќниот ден никако да дојде – до денес.

Лелее како се случи не сум свесна ама сум многу среќна. Ја носев мајка ми на Клиника и во кругот на болницата прашав еден болничар кај се наога неврологија. Тој ни помогна, не однесе до пред врата. Влеговме со мајка ми во ходникот, каде имаше медицински персонал. Сакав да ја сместам мајка ми на столче и кога и прозборев сите се свртеа кон нас, што мене би беше многу чудно. Но, по гласот познале дека сум јас, а не сум свесна колку сум станала популарна, вели Лиде и додава дека шокот се случил кога одеднаш една од вратите се отвори и се појави Филипче. Преку маска ме позна, дојде и се поздрави со мене и со мајка ми. Му кажав дека сум дојдена за мајка ми и тој не повика кај него во кабинет. Се понуди да ни свари кафе и свари за мене и него, бидејќи мајка ми не пие. Леле, не ни помислував дека тој некогаш ќе ми свари кафе. Додека го правеше кафето влезе една сестра, тој ја замоли да не слика. И не сликаше како ми го дава кафето. А јас не очекував дека ќе се сретнеме, а не дека ќе пиеме кафе и ќе се сликаме, и баш не бев средена за сликање. Ама шансата не се пропушта. Каков среќен ден, ем со мајка ми проблемот не е страшен, ем го сретнав него. На крајот не испрати и јас му реков: „ А сега, тоа ли кафе го пиевме, толку
бараното, главното“? Тој се намсевна и ми рече: „Ќе има, ќе има кафе“ и пак се изнасмеа. И толку, си заминавме. Ама ми беше сигурен во изјавата, а и зошто да не биде. Ако рекол дека ќе пиеме кафе после пандемијата нека си стои на збор. Еве пандемијата е при крај, а тој не е веќе министер и нема толку многу обврски. А не сме вечни никој, ни рече весело таа. Лиде вели дека очекува да и се јави Филипче, и дека не треба да ја пропупшти оваа прилика, бидејќи, како што вели, ќе си поминел многу убаво. А како само се смееше убаво, како сонце е. Ова ни е прво кафе, а втора средба, но ни оддалеку не е како што доликува, односно како што е кафе молено скоро две години. Му благодарам што ми се најде за мајка ми, додаде Лиде.