
Украинскиот тајкун Александар Онишченко, кој од 2016 е на црната листа на САД, добил македонски пасош затоа што се занимава со трговија на гас, тврди познатиот новинар Горан Момироски. Еден од двајцата автори на емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа во eмисијата „Само вистина“ на Канал 5 откри нови детаљи за скандалот ,,Онишченко“.
Момироски изјави дека е подготвен за своите тврдења да разговара и со Јавното обвинителство, за да се расветли како Онишченко, „човек на Путин“ како што вели новинарот, ги поминал сите инстанци во владата и добил македонски пасош, по колкава цена го продава гасот тука и колкави проивизии се делат.
Новинарот тврди дека дека не е само Агенцијата за национална безбедност одговорна за скандалот, туку и функционери на МВР, но и врвот на владата – сите кои дале дозвола за пасош за рускиот играч што сакал да го урне американскиот претседател Џо Бајден со трансфер на видео материјали за неговиот син Хантер Бајден.
Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појави документ со потпис на началникот Јовче Ременски, којшто е дел од досието за државјанството на Олександр Онишечнко и е класифициран како доверлива информација. Во документот пишува дека лани, на крајот на ноември, Секторот за спротивставување на тероризам и насилен екстремизам на АНБ до Одделот за безбедносни проверки и НАТО регистар испратиле одговор за Онишченко, во кој е наведено дека Секторот не располага со материјали од противуставен и криминално штетен карактер.
Новинарот Мимироски смета дека аферата „Онишченко“ е уште еден силен удар во грб за Вашингтон од пријателско Скопје. Тој најави дека во наредните денови ќе продолжи да открива нови детаљи за „човекот на Путин“и за неговите односи со македонските власти.
https://www.youtube.com/watch?v=bBBpyLoz8DQ