Мицкоски: Со умен рационален пристап „францускиот предлог“ може да се смени

Прочитај за: < 1 минута

Денеска дадовме наш предлог и којшто е ставот на ВМРО-ДПМНЕ и за преговарачката рамка, но и за заедничките позиции на земјите членки на ЕУ, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред почетокот на протестот „Ултиматум – Не благодарам“.

– Можете да преговарате како што преговара нашата Влада и да не однесете во амбис и да немате втора опција додека паѓате во амбис. Дали ќе ја прифатиме таа опција додека не сме во амбис – не, не благодарам. Затоа велиме не за асимилација. И наместо да се консултираат со нас, тие водеа егзибиционистички преговори. Ќе ве потсетам на Лисабонската декларација уште во раните деведесетти кога Македонија стануваше независна држава имаше заклучок името на државата да не го содржи зборот Македонија, па потоа се смени. Така што, со умен пристап, рационален пристап, пристап којшто е национален македонски пристап може се да се смени, изјави Мицкоски.