Мицкоски бара лидерска средба за состојбата со Бугарија

Прочитај за: < 1 минута

Лидерски средби на релевантните партии за клучните политички прашања бара претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Првата точка на лидерски состанок Мицкоски бара да бидат преговорите со Бугарија.

Мицкоски ја слушнал идејата за заедничка историја која може да произлезе од работата на мешовитата македонско-бугарска комисија, но тој ја прифаќа ваквата идеја само доколку источниот сосед ја признае македонската посебност.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Владата најверојатно подготвува нов договор со Бугарија кој можно е да подразбира и уставни измени.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE