Миленко: Дојде време кога ако кажеш лага на медиум си аналитичар, ако кажеш вистина користиш „говор на омраза“

Прочитај за: < 1 минута

Новинарот Миленко Неделковски за времето во кое живееме:

Дојде време кога оние што фрлија атомски бомби го обвинуваат другите дека ќе фрлат атомски бомби.

Дојде време кога оние чии држави почиваат врз робовладетелство ги тераат другите да извикуваат NO RОOM FОR RACISM.

Дојде време кога оние што правеа етнички чистења со 10-тици милиони умрени (индијанци, индијци, африканци…), да обвинуваат други за етнички чистења.

Дојде време кога ако кажеш лага на медиум си аналитичар, ако кажеш вистина користиш говор на омраза.

Дојде време кога правосудствата низ светот им одржаа лекции на коза ностра, албанската, бугарската, украинската, кинеската мафија – за тоа како се уценува и наплаќа рекет.