Мизрахи: Пријатели Албанци, не се гради среќа на туѓи солзи, имате историска шанса да застанете рамо до рамо со соседите Македонци

Прочитај за: < 1 минута

Рале Мизрахи во својата објава на Фејсбук ги повикува Албанците да им се придружат на Македонците во одбивањето на предлогот, но упатува апел и до политичарите, полицијата, војската, до Европа и до народот.

„Ова е последното нешто што ќе го напишам на темава. Пријатели и соседи Албанци, имате историска можност да застанете раме до раме со соседите Македонци и да кажете НЕ! Ако сега покажете солидарност и единство, засекогаш ќе се стави крај на етничката поделба во Македонија! Не се гради среќа на туѓи солзи!

Политичари: Едно насилство носи друго, застанете пред да биде предоцна! Насилството не е секогаш физичко , надменоста и елитизмот имаат рок на траење а еднаш изгубениот образ и доверба повеќе не се враќа!

Администрација, војска и полиција: Не ве вработуваат и плаќаат партии туку татковината! За неа работите, не го заборавајте тоа!

Европо: Не за бирократски предлози со кои се пишува еден глупав и небитен плус во нечија кариера а се уништува цел народ!

Народе: Не очајувај, не паѓај на провокации, видела оваа земја многу, биди единствен, NO PASARAN!“, пишува Мизрахи.