
Јилдиз Веапоска, мајката од Дебар која претрпе страшно тежок случај на лекарска грешка и остана без бубрег, јајник и матката, се огласи по најавата дека обвинителството конечно ќе покрене постапка против тројца лекари кои ја породиле во болницата во Струга. Таа бара затворски казни за лекарите, кои и ја оштетија бубрежната артерија а потоа не ја санираа повредата додека не падна во шок.
Моите очекувања се се до крај да излезе и да има затворска казна за лекарите што ја сторија таа лекарска грешка. И да не се осуди ниту еден лекар да направи грешка кај пациент бидејќи тоа многу е болно. Јас знам како две години се борам за живот, сум пола човек. Не можам да функционирам како што сум функционирала пред две години. Што и да биде, како и да биде, здравјето мене не може да ми го врати докторот, ама барем да има правда, правдата да излезе за другите лекари да не направат таква грешка и секој да одговара за стореното дело, изјави Веапоска.