Маск одговори на критиките дека доаѓа од богато семејство – почнав со огромен долг и рачно направен компјутер

Прочитај за: < 1 минута

Милијардерот Илон Маск реагираше на коментар од Твитер, во врска со неговиот неверојатен успех во бизнисот и науката.

Обожавателка на Маск прокоментира дека неговиот успех е уште по-необичен ако се има предвид дека доаѓа од богато семејство, кое поседувало рудник во Јужна Африка. Според неа, обично децата на богати родители се разгалени и неуспешни. „Тие обично завршуваат во уметничко школо, никогаш не се вработуваат и така им минува животот“.

Маск одговори на коментарот посочувајќи дека тој воопшто немал пари на почетокот, напротив, бил во длабок минус поради долгот кон факултетот што го завршил. „Да, деца кои го почнуваат животот со многу пари обично имаат помалку мотивација од деца кои немаат ништо. Кога јас ја почнав мојата прва компанија (Zip2) во 1995 година, имав над 100 илјади долари во студентски долг, компјутер кој самиот го изградив и неколку илјади долари, одговори Маск.

Компанијата Zip2 која била ран обид за дигитален маркетинг Маск ја продал за над 300 милиони долари во 1999 година, со што го стекнал своето прво богатство. Негови биографи тврдат дека татко му му дал 30-ина илјади долари за да ја формира компанијата, но Маск го негира тоа и вели дека самиот собрал пари за да го почне својот прв успешен бизнис.