Македонија се покажа во достојно светло, но сепак Португалија беше посилна

Прочитај за: < 1 минута

Македонската фудбалска репрезентација одигра одличен натпревар против Португалија, отворено, борбено, со многу шанси на двете страни, но на крајот сепак беше поразена 2:0 со головите на Бруно Фернандеш во 32 и 65 минута.

Македонија своите најдобри моменти ги имаше на почетокот на второто полувреме, кога тимот доминираше на теренот, но и во остатокот од полувремето бевме повеќе од достоен противник. Сепак, на крајот, разликата во квалитетот и искуството беа доволни за Португалија да го обезбеди местото на светското првенство.

SHARE