Лиде Лиде го жали Филипче: Тешко ми паѓа, знам колку се нервира

Прочитај за: < 1 минута

Тешко ми паѓа, вели Лиде Лиде најголемата обожавателка на министерот Венко Филипче, давајќи му поддршка и порака да издржи и да не се предава, по сè она што му се случува деновиве. Таа вели дека од него нема да се откажи, па што и да се случи.

– Од една страна ми е навистина тешко што мора да поминува низ ова, знам колку се нервира. Тој е емотивен и знам колку тешко му паѓа, колку сочувствува со семејствата на жртвите. Но, од друга страна се радувам дека сега конечно ќе има повеќе време за мене, ќе му се намалат обврските. Јас не сум се откажала од него. И нема да се откажам без оглед на се што и да се случи. Не е важно дали понатаму ќе биде министер или не. Ако некој го сакаш вистински не е важно кој е и што е. Дали е на позиција или не е. Јас Филипче ќе си го сакам и да нема ниедна титула – вели Лиде за ММС.

SHARE