Левица: На оваа снимка се гледаат неколку уфрлени лица на задача

Прочитај за: < 1 минута

Левица објавија снимка на која се гледаат неколку маскирани лица со сомнителни движења кои се во непосредна близина на полицијата, но полицијата не презема мерки за нив:

На оваа снимка, која беше објавена на социјалните мрежи, се гледа како неколку уфрлени лица на задача, кои континуирано провоцираат до полицијата – истата ги одминува штом тргне со апсење кон толпата!?

Доколку Ковачевски и Спасовски имаа информации дека ќе има “немили настани” уште во текот на самиот ден, зошто не презедоа превентивни активности за да ги заштитат граѓаните и полицајците?

Премиерот и министерот за внатрешни и должат одговор на јавноста – дали е точно дека 50 тајни агенти од АНБ биле уфрлени со качулки на синоќешните протести, со цел предизвикување насилство и инциденти?

#СекојДенВоСедум