Куќен притвор за Стевчо Јакимовски

стевчо јакимовски куќен притвор
Прочитај за: < 1 минута

Основен суд Скопје 1 Скопје му изрече мерка за обезбедување – куќен притвор на поранешниот министер и екс-градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.

Инаку, Стевчо Јакимовски утрово е приведен откако за тоа налог издало Основното јавно обвинителство, брифираат извори оттаму за „Скопје 1”.

ОЈО Скопје за него побара мерка привор, меѓутоа судот ценел дека целта на обезбедување присуство ќе се оствари и со поблага мерка – куќен притвор. Јакимовски е опфатен во два претмети на обвинителствата а се гони за злоупотреба на службена положба и овластувања.

Потврда за ова нема, а детали се очекуваат наскоро. Јакимовски ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, каде ќе биде испитан.