Home Политика Кузеска: Изборите поминаа во фер и демократска атмосфера

Кузеска: Изборите поминаа во фер и демократска атмосфера

68
0

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска вечерва на прес-конференција информираше дека денешниот изборен ден поминал во фер и демократска атмосфера, а граѓаните слободната волја ја изразиле слободно и достоинствено.

Таа истакна дека се констатирани само неколку мали прекршувања на изборниот процес кои, како што кажа, ги сметаат за исклучоци.

– Изразуваме благодарност до сите граѓани кои денеска излегоа и го дадоа својот глас. Правото на слободно одлучување е највредната придобивка на демократијата, а самото гласање е суштински чин што произлегува од моќта на граѓаните кои одлучуваат за својата иднина, и за иднината на државата – рече Кузеска.

Истакна дека ги очекуваат изборните резулати и оти се уверени дека граѓаните како денеска, така и на 8 мај ќе ја поддржат европската иднина на државата.