Коцарев: Можни се два патишта – првиот е обезличена Македонија, другиот е ЕУ со Македонци

Прочитај за: < 1 минута

Како понатаму? Предлагам да не се помириме со состојбата во која се наоѓаме, водејќи се од изреката „наведната глава сабја не ja сече“, па, така, според моето мислење, предлагам првиот чекор да биде: гласно НЕ за договорот со Бугарија, пишува академикот и претседател на МАНУ Љупчо Коцарев за Нова Македонија.

Во неговата анализа Коцарев пишува:

Бидејќи, по Универзалната декларација на ОН и сè повеќебројните меѓународни норми и стандарди содржани во конвенциите за правата на човекот, природното право прерасна во политичка филозофија којашто ги дефинира основните начела кон кои мора да се придржува секоја современа држава-членка на меѓународната заедница, вклучувајќи ги и ЕУ и Бугарија. Ние треба упорно и цврсто да опстоиме, укажувајќи и потенцирајќи дека Македонија сака да биде членка на ЕУ, но дека уцените на Бугарија се неправедни и дека сè додека ЕУ не се огради од нив и не ги изземе од преговарачкиот процес, Македонија не е подготвена за компромис.

Македонија е на крстопат. Можни се два патишта. Првиот пат е – обезличена Македонија и остварување на вековниот сон за „европска држава“, но без Македонци. Другиот пат е – ЕУ со Македонци, но тоа подразбира достоинствен пристап кон европските интегративни процеси: Македонија треба да претставува дел од ЕУ, но само ако македонскиот идентитет, македонскиот јазик и нивното постоење се воспримат како вечни категории – сè друго поинаку прифатено и пласирано е бесмислено. За другите идни чекори во градењето просперитетна иднина ќе говорам во други пригоди. Сепак, не е на одмет да се потсетиме на Американската декларација за независност од 1776 година, во која категорично се прокламира: „Ние ги сметаме за очигледни овие вистини: дека сите луѓе се создадени еднакви, дека се обдарени од нивниот Творец со одредени неотуѓиви права, меѓу кои се животот, слободата и стремежот кон среќа.