Home Политика Костов: Излези Македонијo на избори и гласај!

Костов: Излези Македонијo на избори и гласај!

121
0

Македонци гласајте, избирајте и одлучувајте!

Избори! Изборите се време кога отпочнува да се одмерува изразувањето на вољата на граѓаните. Кога граѓаните гласаат, тие даваат или одземаат доверба на одредена политичка опција да управуваат со нив и со Македонија. Тоа е рационален и социјален чин на избор. Гласањето е показ и доказ за зрелоста на демократијата. Годинава на Претседателските и Парламентарни избори 2024-та, јасно е дека ќе се гласа за водачи на народот(претседател на државата и претставници во највисокиот законодавен дом – Собранието на Македонија). Ќе се гласа за управувачи со општествените и државни работи.

Се подразбире, или претпоставува дека треба да ги избереме најдобрите. А кои се најдобри? Тие што најдобро знаат да водат, управуваат и владеат. Една мала споредба можеби ќе ни е од полза: доколку чинот на генерал треба да се довери на  најхрабриот и најталентираниот во доменот на воената професија, или ако позицијата на судија треба да му се препушти  на оној кој е најнепристрасен, тогаш логично е власта да им се довери на најдоблесните, најмудрите и најспособните. Зошто мислам дека ова е најлогично во политиката? Затоа што крајна цел на политичката власт е доблеста и само доблеста. А како најсоодветно се доаѓа до неа? Преку мудроста(За кого ќе гласаш, на кого ќе му ја дадеш својата доверба).

Нестручни, неспособни, подмитливи(коруптивни) и неморални политички лидери немаат визија, не водат сметка за јавните и општествените добра и интереси, и едноставно неможат да водат народ. Со такви нема политичка стабилност, економскиот просперитет е неостварлив, а социјалната несигурност грда и загрижувачка реалност. Коруптивни и неморални лидери дозволуваат разни олигарси и криминогени елементи да ги заробат институциите и да ги остварат своите интереси на сметка на општите, државните и националните.

На овие избори граѓаните мора да ја победат корупцијата. Со својот активен однос кон гласањето(Излези и гласај! Одлучувај за себе, за семејството и за државата!) создаваат социјална атмосфера и средина и автентична демократска плурална култура. Само на тој начин промените се возможни и реформите ќе се движат побрзо од неспособните и подмитливи дтржавни и политички бирократи.

Само така Македонија ќе биде држава на своите граѓани(моја, твоја, наша – Македонија). Само така граѓаните ќе бидат горди на себе и државата во која живеат, работат и битисуваат. И секако Македонија горда на такви активни и одговорни граѓани – носители на државниот и национален интерес и суверенитет. Ете, така ќе создадиме држава на слободни, среќни и исполнети граѓани – нов свет, во кој  граѓаните ќе се свои на своето. Утре и на 8 мај ќе заседава неговата светост граѓанинот избирач – врховниот судија кој овој пат има околу 1 814 000 поротници-избирачи. На секој еден од нив најсилно оружје им е гласачкото ливче. Употребете го и направете изборно востание! Македонци, излезете да гласајте, избирајте и одлучувајте! – Само така сите ќе бидеме горди, достоинствени и ќе создадеме нов свет.

Ја излези Македонијо да гласаш и одлучуваш!

Сотир Костов