Конкурсот тече, еве кој може да биде попишувач

Прочитај за: < 1 минута

Конечно објавен долго очекуваниот конкурс за попишувачи за престојното пребројување на населението во септември. Конкурост е објавен на веб страницата на државниот завод за статистика и тој ќе трае дури 15 дена што не беше случај за минатите конкурси кои пропаднаа, оти пописот се одложи, но и не се пријавија доволен број на попишувачи објави Алфа ТВ.

„Ги повикуваме сите заинтересирани, како и сите оние кои се пријавија на првиот повик во март годинава, да ја пополнат апликацијата и да станат дел од големиот пописен тим кој во септември ќе го спроведе долгоочекуваниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија“, велат од Државен завод за статистика.

Извор: Алфа ТВ.

SHARE