
VВо подолга колумна објавена на неговиот портал Мактел, новинарот Саше Ивановски – Политико ги објаснува штетните ефекти од земјоделските субвенции, кои го нарушуваат пазарот на храна, а се гледа дека покрај огромните суми кои се даваат на субвенции, македонското земјоделие стагнира, па и назадува.
Ивановски воедно бара да се почитува потребата да се специјализира производството зависно од условите кои ги има во секоја дадена земја.
Немаме ние такви природни ресурси да бидеме земјоделска велесила како што е тоа една Срија, Украина, Русија, Бразил, Америка, Аргентина, немаме ние толкави пространства, мала земја сме, претежно ридско – планинска, имаме нешто реки ама не се доро распределени има многу сушни пространства со неродна земја, пасиштата не ни се многу плодни, немаме капацитет за многу производство на месо, млеко и жито, туку нешто тутун во Прилеп, нешто грозје во Кавадарци, нешто јаолка во Ресен, нешто домати и пиперки во Струмица и малку кашкавал од Шара и Берово и тоа е, нема што да притискаме во тој сегмент и да се форсираме и да се трескаме. Имаме капацитет да покриеме пола од домашното производство и нешто скромно да извеземе, но би требало да се префрлиме или на туризам или на транспорт или на софтвер или на рударство, или фармација или медицински туризам каде имаме дори лекари и сестри, значи гранки кои можат да генерираат високи плати ез државата да мора да сувенционира. И секако, градежништвото, уште сме градежно неразвиена земја, во Скопје колку и да пиштат левичарите и либералите и еко фанатиците, се уште има на секој чекор во центар на град зелени ливади и пољани како да си сред село некаде во Мариово, вели Ивановски.
Прочитајте ја целата колумна тука