Колемишевски: Има сериозни навестувања дека владата ќе го прифати францускиот предлог- тоа ќе значи почеток на крајот на македонскиот идентитет и јазик

Прочитај за: < 1 минута

Францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија е катастрофален за Македонците во неа и ја затвора вратата за Македонците како народ. Тоа нив ги води кон бездната од која нема излегување. Ако се прифати францускиот предлог, во кој се кријат неброени опасности од предлози, тоа ќе ќе значи почеток на крајот на македонската самостојна историја, на идентитетот, јазикот и писмото. Ќе се отвори процесот на бугаризација и асимилација на новите македонски поколенија, со крајна цел Македонија и како територија, еден убав ден, да биде составен дел на Бугарија.“ – вели Панде Колемишевски во својата колумна со наслов „Францускиот предлог добар за државата – катастрофален за Македонците“, која ја објави весникот „Нова Македонија“

 

„Има сериозни навестувања дека македонската страна, преку Бујар Османи, ќе го прифати предлогот без никакви забелешки. Што ќе значи тоа? Тоа ќе биде јавно себепонижување на Македонците, кои го сочинуваат мнозинското население во државата. Тоа ќе значи погребна церемонија за закопување на сето минато и на целокупната сегашност. Ќе значи откажување од Илинденското востание и од Гоце Делчев, од делата на револуционерите и преродбениците, ќе се бара македонска осуда на делото на Крсте Мисирков и неговите наследници. Ќе значи целосна негација на антифашистичката партизанска борба, поништување на АСНОМ и на неговите одлуки, откажување од придобивките што нашите родители и дедовци ги стекнаа низ борба и социјална револуција.“, пишува Колемишевски.

SHARE