Д-р Беќаровски: Ајде да бидеме први во Европа кои времено ќе ги суспендираме ковид пасошите

беќаровски
Прочитај за: < 1 минута

По најавите за укинување на ковид пасошите и сите рестриктивни мерки во повеќе земји во светот, меѓу кои Велика Британија, со своја изјава на фејсбук се јави Доктор Нико Беќаровски:

„Ајде барем во нешто да бидеме ЛИДЕРИ во Европа.

Ковид сертификатите се комплетно смешни во ерата на Омикрон сојот од Sars-Cov-2 и ајде да бидеме меѓу првите кои времено ќе ги суспендираме, барем на територијата на Македонија !!!

Ако сите се сложуваме дека ниту вакцината, ниту претходното прележување не заштитува од можноста да се заразиме и да го пренесеме омикронот, тогаш која е целта на КОВИД СЕРТИФИКАТОТ во дадениов момент ???

Некој ќе каже, вакцинираните и прележаните многу полесно ја поминуваат болеста и потешко се заразуваат.

Да 100% точно и затоа е паметно да сте вакцинирани, ама тоа е личен ризик на непрележаните и невакцинираните, а не ризик по колективното здравје, поради кои и се воведоа овие сертификати.

Место тражење на сертификат на влезовите, денес многу поцелисходно е термокамера т е. мерење на телесната температура.

Почитувани колеги од Комисијата за заразни болести, ќе Ве замолам размислете и ставете ја на дневен ред оваа идеја. Покажете малку оригиналност.“

SHARE