Ковачки: Во украдените документи од простории на МО имало класифицирани информации на земја-членка на НАТО

Прочитај за: < 1 минута

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Ковачки објави дека во украдените документи од простории на МО имало класифицирани информации на членка на НАТО:

Во врска со украдените документи за кои министерството за одбрана тврди дека нема да нанесат штета на интересите на државата, повторно да ги потсетам дека украдените документи и компјутери на кои има класифицирани информации припаѓаат на земја-членка на НАТО.

Релативизирањето на овој настан и отсуството на брза реакција е на штета на Одбраната.

Како може некој да влезе во обезбеден објект на министерство за одбрана во кој се изработуваат и чуваат класифицирани информации и да не биде забележан?

Министерке за одбрана, за што Ве плаќаат граѓаните? Кога планирате да почнете да си ја работите работата?

Под раководство на СДС, Министерството за одбрана потона во неспособност.

Одговорност за овој настан мора да има.

Министерот за одбрана Славјанка Петровска треба да си поднесе оставка, пишува Ковачки на неговиот фејсбук профил.