Ковачевски: Хистеријата во Македонија ја предизвикуват луѓе што мислат дека се експерти

Прочитај за: < 1 минута

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска од Брисел рече дека хистеријата поврзана со надминување на спорот со Бугарија во Македонија ја создаваат луѓе кои мислат дека се експерти.

„Во Македонија се создаде голема хистерија. Јас сум изненаден од тоа што луѓе кои мислат дека се експерти и знаат како се одвиваат процеси на европска интеграција всушност прават хистерија во земјата“, кажа Ковачевски.

 

SHARE