
Високи извори во земја членка на ЕУ од регионов за expres.mk тврдат дека македонската влада води интензивни тајни преговори со Словенија и уште две други земји членки на ЕУ за спас од ,,Францускиот предлог” и колапсот на македонската евроинтеграција.
Откако им станало јасно дека македонската јавност нема да го прифати ,,Францускиот предлог” двајца владини министри од кои еден е вицепремиер почнале диоломатски разговори со три земји членки на ЕУ од кои се бара да го блокираат срамниот предлог за преговарачка рамка за да ја спасат Македонија од катастрофа.
Идејата е некоја земја да стави забелешка на предлогот и тој да не помине на Советот на ЕУ.
Проблемот со оваа идеја е што сите земји членки знаат дека Ковачевски, Маричиќ и Османи со месеци преговарале за предлогот и се согласиле со него.
Во исто време ниту една од трите земји не сакаат да влезат во конфликт со Макрон и без дозвола од Париз нема да се впуштат во дипломатски авантури за да ја спасат владата на СДСМ и ДУИ.
Изворот на expres.mk тврди дека на Ковачевски од една од ЕУ членките му бил дадено друго можно решение за да ја спречи катастрофата за која предходно се согласил.
Пораката до него била уште денеска да си даде оставка и да оди на нови избори по кои ќе може да носи легитимна одлука.
Оваа идеја може да биде спроведена за 6 месеци по што Ковачевски ако победи би имал легитимитет да носи одлуки.