Ким Мехмети го нападна Еди Рама: Славомакедонците без Белград се како дете без мајка

Прочитај за: < 1 минута

Писателот и политички аналитичар Ким Мехмети на својот Фејсбук профил жестоко го нападна албанскиот премиер Еди Рама (кого го нарекува „сликар“ зашто има завршено Факултет за умеетност) затоа што учествува на денешниот Економски фореум, заедно со „словенските колеги“ Александар Вучиќ и Зоран Заев.

„Се наликува на времињата кога албанските лидери се гордееа кога им ги бакнуваа чевлите на српските кралеви а бесрамно му плукаа во раката на братот Албанец“, пишува Мехмети какошто пренесува 360 степени.

Според негопроект наречен „Балкански Мини Шенген“ не претставува ништо друго освен важен чекор кон реализација на идејата за „српски свет“ односно за Голема Србија.

„И како што е познато, без Белград, Славомакедонците се чувствуваат како дете без мајката што го родила и му згрешила ама се поставува логичното прашање: што е тоа што Албанија ја прави поблиска до Србија отколку до Косово?

Братството меѓу сликарот и српскиот претседател е резултат на заедничкиот проблем што Рама и Вучиќ го имаат со ЕУ и се плашат од неа – проблемот со законите и со желбата нивните држави да останат ‘крави хранети од сите ама молзени само од нив двајцата!

Но, како и да е, мора да се признае дека Сликарот никогаш подобро тоа не го крие кога се дружи со неговите словенски колеги. Тогаш јасно гледа карактеристиката на која можете да завидувате, не го интересираат критиките на Албанците и целосно ја живее сопствената политичка слобода. Како што живеат само оние на кои им недостасува чувство на срам“, вели Мехмети.

SHARE