Како на филм: Акција на полициските Тигри за спас на постар жител на Галичник

Прочитај за: < 1 минута

78-годишниот Павле Луканоски бил спасен од Галичник со полициска хеликоптерска интервенција и со помош на алпинистите на полициската единица Тигар. Претходниот обид човекот да се спаси со помош на ратрак не успеал, откако возилото се расипало по пат. На крај полициските специјалци го извлекле човекот користејќи специјална корпа во која еден храбар полицаец го придружувал старецот.

Состојбата со дедо Павле ни стана јасно дека е алармантна кога почна да не ги
препознава сопругата и ќерката со кои живее кога качуваше температура. Постојано сме во контакт со семејството па во неделата се обидовме со ратрак да
го изнесеме од селото, но ни се расипа. Семејството го направи првиот контакт
со Центарот за управување со кризи, оти таков е протоколот, а ние ја координиравме целата акција. Изминативе два дена временските услови не дозволуваа да дојде хеликоптерот. Времето вчера попладне се подобри и доцна синоќа акцијата бше договорена. Специјалци од единицата Тигар го извлегоа дедо Павле и тој е веќе сместен во болницата 8 Септември, изјави Александар Костиќ од месната заедница Галичник.

Костиќ сподели видео од филмското спасување.

Во селото има пет жители кои се оставени без залихи, и мораат пеш да одат по 6-7 часа до селото Јанче. Павле Луканоски постојано живее во Галичник со сопругата и ќерката од 1990 година.