И Кастриот и се приклучи на „огнената група“?

Прочитај за: < 1 минута

Изет Меџити, Блерим Беџети и Кастриот Реџепи викендов на своите фејсбук-профили објавија заедничка фотографија која ја насловија „заедно“.

Истакнатите членови на ДУИ, Меџити (пратеник) и Беџети (актуелен градоначалник на Сарај) се потписници на писмото во кое бараа смена на Артан Груби и промени во партијата.

На т.н. „огнена група“ од викендов, барем според фотографијата, најверојатно им се приклучи и поранешниот член на Беса и актуелен независен пратеник Кастриот Реџепи, објави МКД.МК.