Истекува рокот на голем дел од набавените вакцини

Прочитај за: < 1 минута

Министерството за здравство ќе уништи 300,000 дози од Фајзер вакцината, чиј рк на употреба истекува во февруари. Интересот за вакцинирање е релативно мал, и се смета дека преостанатите вакцини – околу 113,000 дози кои истекуваат во јуни и 60,000 кои се употребливи до јули, ќе бидат доволни засега. До крајот на неделава ќе стигнат 250.000 илјади вакцини на „Фајзер“, донација од Италија преку Ковакс-механизмот, а од мај до декември преку директен договор со Македонија компанијата ќе испорача 500.000 вакцини.

Министерството соопшти дека нема да открие колку ќе чини уништувањето вакцините, кои треба да се уништат според повисоки стандарди, како медицински отпад. Од Млинистерство велат дека сумата е деловна тајна, бидејќи како држава така сме се обврзале при набавката на вакцините.

Клучен сегмент од договорите за набавка на вакцините е тоа што секоја држава па и нашата се обврзала на доверливост на склучените договори и примените информации. Сумите за набавка, времето на уплата, за вакцините против Ковид 19 се деловна тајна на производителите и нашата земја се обврзала да го почитува тоа, наведуваат властите.

Сега 41 процент од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцина, а само 128 илјади примиле трета доза. Од Здравство велат дека веќе се преземаат активности за зголемување на опфатот на вакцинација.