Исмаил со порака до бугарскиот министер: Пре би гроб него бугарски роб

Прочитај за: 2 минути

Николај Милков, министер на Република Бугарија, кажал дека, пази, „во Македонија се враќа традицијата на палење, стрелање и насилство врз луѓе.“?!

Кога сме кај ѕверствата во Македонија, да го потсетиме Милков дека во Втората светска војна при окупација на Македонија од страна на Фашистичка Бугарија, беа направени најкрвните злодела, и тоа го немаат забележано само македонските и југословенските архиви туку и светската јавност. За нив не треба и многу да се говори, имаме сеуште живи сведоци и врежаи прикази од нашите баби дедовци, вујковци, комшии, соселани и слично.

Туку, Бугарија, преку своите официјални паравоени структури, врховистички крвници има направено исто толку злодела кон македонскиот народ како пред Првата светска војна така и за време и после неа. Во прилог на ова се два документи кои се забележани од ЗАПАДНИТЕ тогашни медиуми. Во нив јасно е опишан ХОРОРОТ и ЗЛОДЕЛАТА на бугарските врховистички банди, направен врз Македонци, затоа што биле јатаци на Јане Сандански!

ИЗВОР: https://trove.nla.gov.au/newspaper/article/12827038?searchTerm=Bulgarian+outrages+Macedonians+incinerated

За тие што не знаат англиски што велат овие страници:

„БУГАРСКИ ЗЛОДЕЛА

Бугарските врховистички разбојници вршеле ужасни злодела во Македонија.
Двајца началници на “Врховистичката” фракцијата го запалиле селото Либофка и ја принудиле сопругата на еден началник по име Ангел Менчо и нејзините две мали деца да влезат во запалена куќа и го заклучиле.
Жената и децата изгореле.
Злоделото било извршено затоа што Ангел бил јатак на Сандански, шефот на ривалската банда.“

НАЈГОЛЕМИОТ ГЕНОЦИД ИЗВРШЕН ВО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА Е ТОКМУ ОД СТРАНА НА БУГАРСКАТА ДРЖАВА КОН МАКЕДОНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА.

Специјална единица на бугарската окупаторска армија во Македонија составена од бугарски војници и четници на ВМОРО на Тодор Александров и на Александар Протогеров, под команда на полковникот Тодор Панов, масакрирала недолжно македонско население. Масовни колежи биле извршени во Велешко, во селата: Теово, Ореовдол, Богомила, а во Прилепско во селата: Гостиражни, Стровја, Слепче, Костинци, Долгаец и Маргари. Преживеале само мажите што биле регрутирани во српската војска и тие што успеале да побегнат пред затворањето на обрачот. Најмасовен колеж бил извршен во с. Долгаец. Мажи, жени, деца, вклучувајќи ги и бремените жени и изнемоштените старци, биле масакрирани. Жени и девојки биле силувани. Обезглавен бил и селскиот свештеник, иако се декларирал како Бугарин и гарантирал лојалност. Во селото биле заклани 167, во Костинечката општина 336. Тоа се смета најголем геноцид извршен во Првата светска војна на Балканот.

Пре би гроб него бугарски роб
#СмртИлиСлобода

(фејсбук статус на Реџеп Исмаил)