Им снема пари – Владата ќе крати 100 милиони евра од буџетот

Прочитај за: < 1 минута

Додека земјата се позајмува скоро милијарда евра, премиерот Димитар Ковачевски денес најави ребаланс со кој ќе се скратат 100 милиони евра од буџетот.

Во моментов работиме на ребаланс на буџетот кој ќе опфати дополнително кратење на уште 100 милиони евра непродуктивни трошоци. Се разгледуваат и сите опции за покривање на дефицитот, сите разговори коишто се водат се со цел да се обезбедат финансиски средствфа со најниска можна цена на капиталот на пазарот во овие услови, рече Ковачевски.

Македонија сериозни си ги намалува и девизните резерви, а поради инфлацијата, редица интересни групи – пензионерите, наставниците, јавната администрација – чекаат на ред за покачување на платите за кои пари очигледно нема.