
Богдан Илиевски Бетмен упати неколку интересни прашања до академикот Драги Ѓоргиев во врска со препораките на историските комисии:
Драги Ѓорѓиев (какадемик) за бугарското предавство:
„Средновековните империи и држави се сосема различни државни творби, идентитети и контексти од современите држави и нации. Затоа настојуваме да избегнеме да се гледаат настаните пред 150 и пред 1.000 години во денешната етничка призма“
Сета бугарска политика и „историчари“:
„Прифаќаме дека сте Македонци од 1945, но пред тоа бевте Бугари“.
***********
Откако ќе ги прочитате препораките на комисиите за историја во кои има само бугарски држави и царства, наоѓате ли сличности во двете тези, на какадемикот и на Бугарите?
Ако не се гледаат денешни идентитетите денес низ историска призма, ЗОШТО бугарија воопшто бара од нас да менуваме учебници? Та нели тоа се некои други луѓе, различни и од денешните Бугари и од денешните Македонци?
Ако не се гледаат идентитетите денес низ историска призма, зошто Грција не’ тераше од Александар да се откажеме, од Кутлеш да се откажеме, ако тогашните Македонци и Грци се различни луѓе од денешните Македонци и Грци?
Ако не се гледаат идентитетите денес низ историска призма, што е бре идентитетот, тимбо неопеана? Кога дојдовте од Марс вие северџанобулгарите на територија на Македонија, од кога ви почнува вас историјата?
Ако не се гледаат идентитетите денес низ историска призма, ќе се откаже ли Франција од Марсељезата, Англија од Кромвел, Пиринеите од Кортез? Шведска од Викинзите?
Да, не постои еден ист народ кој живее на едно исто место 1000 години освен во бразилски прашуми, некаде низ Африка и можеби Баскијците (можеби). Но КАКО МОЖЕ ова да важи (неповрзаноста на историскиот со денешниот идентитет) САМО ЗА НАС денес и тоа малтене на ниво на психотропен биолошки научен труд со кој само се докажува со кого немаме биолошка врска на база на туѓа наредба, а не и со кого воопшто, побогу, имаме врска (бидејќи сеа имаме дури и спротиставеност на словенската со бугарската теорија), а ЗА СИТЕ соседи да важи дека со кого ќе си прогласат историска врска, таа да им стои и да не им е оспорена?
Дали сте апла мутави или мислите дека сите сме?