Иванов: Дезертерството на Ковачевски е бајки за мали деца – може човекот скршил клучна коска па не можел да потпре кундак на рамо

Прочитај за: 2 минути

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од премиерот Димитар Ковачевски поради дезертерство, додека од СДСМ обвинија дека партијата на Христијан Мицкоски се служи со лаги за да ги прикрие несогласувањата и расколот во партијата.

„Сега да се навраќа на фосилни настани е само скршнување на вниманието од внатрешно партиски случувања, пумпање предизборна тензија наместо кооперативно да се бараат решенија“ вели во разговор за „Локално“ новинарот и аналитичар Зоран Иванов.

Оставка” за настан од пред две децении. А, толку нешта има сега за оставки и кај едните и кај другите и кај третите. Кај власта секако, но поради неуспешни, некооперативни и анти еу политики и кај опозицијата така што сега да се навраќа на фосилни настани е пак само скршнување на вниманието од внатрешно партиски случувања, пумпање предизборна тензија наместо кооперативно да се бараат решенија за егзистенцијалните прашања на граѓаните и развојoт на државата. Но, за тоа треба да се има и доблест, нели, подвлекува новинарот.

Според него постојат институции кои би можеле да ја решат ситуацијата со “дезертерството”.

-Тоа со “дезертерството” е дел од бајките за мали деца. За тоа си имало и има институции, прес конференција не го решава тоа. Дури и да е така, може човекот скршил клучна коска па не може да потпре кундак на рамето, тоа не е ментална состојба, но жалното е што се почесто се ментални темите на пресовите. Партиите и нивните експоненти би било поарно да се посветат на реформски прашања наместо на тривијални теми зашто веќе никому не ни е до забава, појаснува Иванов.

За тоа дали ова информација е само начин да се одврати вниманието од случувањата со директорите на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, аналитичарот децидно вели дека „јавноста повеќе ја интересира мотивот за смена на директорот поврзана со милионскиот тендер“ .

-Не знам дали се сака да се сврти вниманието од скопските случувања, но знам дека јавноста повеќе ја интересира мотивот за смена на директорот поврзана со милионскиот тендер отколку физичката способност на премиерот, на таа тема треба прес до одговори за тоа што се случувало “зад завесата”, вели тој.

ВМРО-ДПМНЕ е „за“ Бугарите во Уставот, но „против“ условувањата

Според Иванов партијата на Мицкоски сега останува „единствената кочница државата Македонија да ги почне преговорите со ЕУ“ .

-Ако се “за” со “ама” значи не се, можеби сме “един народ” па од таа причина не сакаат да го делат тој “един народ. Ценам дека е тоа не сериозна политика зашто тоа е условот за евроинтеграции. И да, уцена е, неправедно, несоседски, шовинистички, но тоа е условот. Оттука неговата партија сега останува единствената кочница државата Македонија да ги почне преговорите со ЕУ. Секаков друг изговор ниту е политика, ниту води во перспектива. А изговорите од типот “ако ги пуштиме можат секогаш да не стопираат со разни вета”, е приказна за натаму, а потребата од промена на Уставот е за сега. Знаете, во преговори со ЕУ се влегува тешко, а да ги напуштиме можеме секогаш, смета Иванов, додовајќи убедено дека овие измени на Уставот ќе поминат.

-Не знам за некакви “крила” во ВМРО-ДПМНЕ, но дека уставните измени, овие за во ЕУ ќе помина, ќе поминат, толку совест се има и во таа партија, посочува тој.