Зоран Роџер: Ми се заканија дека ќе ме убијат поради Скопје 2014

Прочитај за: < 1 минута

Зоран Роџер Илиев, учествуваше во подкаст на популарниот водител на забавни емисии Стефан Лазаров.

Во емисија, Лазаров го запраша за неговото учество во проектот „Скопје 2014“, на што Илиев рече дека патентирал материјал од експандиран камен. Кога отишол да презентира, со себе имал ламба за да докаже дека материјалот не е запаллив. Другите учесници, чија понуда како што вели Роџер била со стиропор, кога се обиделе да го тестираат нивниот материјал се запалил.

По еден час, како што рече Илиев, на неговата сопруга и се јавиле непознати лица кои и се заканиле дека ќе ги ликвидираат доколку учествуваат на тендери.

Во прилог, неговата изјава од учеството во емисијата.


Check Also

Градежништвото омилен сектор за перење пари, во Скопје има 70.000 празни станови

Прочитај за: < 1 минута Бројот на станови во градот пораснал за 30 отсто меѓу 2002 и 2021 година, а …