Златното дете со сребро ни се враќа дома

Прочитај за: < 1 минута

Дејан Георгиевски имаше херојско издание во големото финале на Олимписките игри, но сепак на крајот мораше да му подаде рака на подобриот Владислав Ларин кој како прв носител го освои златниот медал во таеквондо категорија над 80 килограми.

Македонскиот таеквондо мајстор покажа дека може да се носи се неверојатниот Русин и му зададе доста удари во големото финале, но за жал, Ларин беше подобар во последната рунда која беше и клучна.

Ларин беше максимално доминантен во сите три први борби на патот до финалето, а единствениот отпор го доби од Македонецот Георгиевски кој натера победникот да се решава во последните две минути.

По првата рунда, резултатот беше 2:0, втората заврши израмнето со 5:5 (вкупни 7:5), но ударот во тело и во глава во последната рунда се покажаа како одлучувачки за победа на Ларин.

И покрај поразот, Дејан гордо го развеа македонското знаме по крајот на борбата, слика која носи нова наша историја на Олимписките игри. Георгиевски беше првиот олимпиец кој беше дел од едно финале по нашете осамостојување, а со сребрениот медал ни го носи и најголемото одличје. Во патот до финалето, Георгиевски ги совлада Кубанецот Рафаел Алба Кастилјо и Сејду Губане од Брегот на Слоновата Коска, како и вториот носител, Кореецот Ин.

Последниот и единствен медал досега на Олимпијадите го освовиме во 2000-та година, кога Могамед Ибрагимов обезбеди бронзен медал во борење.

SHARE