Заев му честита на Борисов: Стабилноста на Бугарија и просперитетот на бугарскиот народ е добра за македонскиот народ

Прочитај за: < 1 минута

Зоран Заев му ја честиташе победата на неговиот „добар пријател“ Бојко Борисов на вчерашните избори во Бугарија:

Честитки на сите граѓани на Бугарија за успешните избори.

Честитки на ГЕРБ и на мојот добар пријател Боико Борисов за победата и освоената најголема доверба од бугарскиот народ. Посакувам успешни разговори за составување на новата влада која ќе донесе стабилност на нашиот источен сосед и просперитет на Бугарија. Стабилноста на Бугарија и просперитетот на бугарскиот народ е добра за македонскиот народ како и за граѓаните на целиот Балкан, напиша Заев на неговиот фејсбук профил.