Заев вети дека бугарскиот народ ќе биде вметнат во Уставот

Прочитај за: < 1 минута

Пред членството во ЕУ, С Македонија ќе го отвори Уставот. Ако сакаме да сме земја членка на ЕУ треба да имаме европски Устав и, по примерот на Хрватска, ќе ги впишеме и другите народи

Бугарскиот народ ќе биде вметнат во премабулата на Уставот, порача Заев во Софија, одговарајќи на новинарско прашање по средбата со бугарскиот премиер Стефан Јанев. Пред членството во ЕУ , С Македонија ќе го отвори Уставот додаде Заев.

„Наш став е сите помалкубројни народи да бидат вклучени во Уставот. Вклучително и бугарскиот, а и хрватскиот исто не е впишан. Ако сакаме да сме земја членка на ЕУ треба да имаме европски Устав и, по примерот на Хрватска, ќе ги впишеме и другите народи“

рече Заев.

За историската комисија Заев рече дека денешната средба во Софија е поттик за попосветена работа на историчарите кои веќе постигнаа договор за пет историски личности и три историски периоди.

„Штом ќе ги усвоиме на меѓувладина конференција и ќе ги објавиме во службен гласник понатаму следи примена во учебниците. Така ќе ги учиме младите што е историската вистина за која сме се согласиле. Убеден сум дека за се постои решение, политичарите треба да ги носат политичките одлуки, а историчарите работат експертски. Во убав амбиент политичките и големите прашања лесно се решаваат, но кога е лош политичкиот амбиент и најситното пршање е голем проблем“

додаде Заев.

SHARE