Забрчанец: Со засукани ракави треба да ја зграбиме секоја можност за чекор напред кон членство во ЕУ

Прочитај за: < 1 минута

„Не смееме да се плашиме од преговорите за членство во ЕУ. Напротив, треба со засукани ракави да ја зграбиме секоја можност за чекор напред кон членство во Унијата. Полесен пат нема, ниту алтернативен. Сите идеи за некаков полесен или заменски план се опасни планови на антизападните центри кои земјава сакаат да ја носат во режими и изолации, напиша на Фејсбук владиниот национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, Марјан Забрчанец.

„Нашата позиција е јасна: гаранција за македонскиот јазик и идентитет. За тоа сигурен сум дека ќе се избориме, зашто друга опција не постои и никој тука не ни помислува на друга опција освен чист, дефиниран и деклариран македонски јазик во преговарачката рамка“, вели тој.