Ериксен во стабилна состојба е префрлен во болница!

Прочитај за: < 1 минута

Фудбалерот на Данска, Кристијан Ериксен на дуелот против Финска на Европското првенство колабираше на крајот на првото полувреме, по што беше реанимиран.

Натпреварот беше прекинат откако Ериксен се сруши, лекарите притрчаа на теренот и реанимираа, по што тој беше изнесен од стадионот, но по некое време се појави слика од Копанхаген која дава надежи и добри вести.

Во преносот, водителите известија дека Ериксен е во стабилна состојба и дека е на пат кон болницата!

Покрај тоа, еден од новинарите на Ројтерс го виде репрезентативецот на Данска како мрда со раката!

 

 

УЕФА информираше дека одржа кризен состанок со двата тима и со официјалните лица на натпреварот, а дополнителните информации ќе бидат соопштени во 19.45 часот.

– Играчот е пренесен во болница и е стабилизиран – соопштуваат од УЕФА.

Исто така и од данската фудбалска федерација објавија дека Ериксен е буден.

SHARE