Епидемиологот прозборе за губењето на мајчинскиот инстинкт кај младите

Прочитај за: < 1 минута

Епидемиологот Вело Марковски стана познат во јавноста по неговите анализи во врска со корона вирусот, како и по врската со младата мисица Евгенија. Но сега, Марковски укажа на нова тема која ја притиска Македонија – демографијата.

Во емисијата Бекстејџ, доктор Марковски посочи на падот на наталитетот кај младите во Македонија и го спореди го геноцид.

Имаме навистина голем проблем во општеството. Имаме многу девојки кои се на возраст од 33 до 38 години, кои не се во сериозна врска, и мене тоа ме плаши, зошто тој мајчински инстинкт не се појавува кај нив, и мислам дека 20 до 30 илјади жени нема да родат во Македонија. Тоа за мене е голем геноцид. Овие норми наметнати на моралот навистина пречат, изјави Марковски.

Во емисијата, Вело и Евгенија Марковски зборуваа за предрасудите со кои се соочиле, и се уште се соочуваат поради големата разлика во годините. Според Марковски, имало доста норми во општеството наметнати од религии. Во врска со нив, како пар, имало и се уште има доста дофрлувања, вели.

Без да се знае суштината, без да се знае што навистина се случува, секоја врска си е посебна, нема правило и не може да се планира. Мислам дека треба да се ослободиме од тие стеги-појаснуваше докторот.

Двојката има две деца. Марковски претходно беше во брак со поранешната пратеничка Ѓулистана Марковска.