
Единствена Македонија изразува шокираност од објавата на украинската амбасада во Скопје со која се бараат македонски борци да учествуваат против специјалната воена операција на Русија во Украина, и побара украинската амбасадорка да биде протерана од Македонија.
Ваквата објава која се повикува на Указот на украинскиот претседател број 248, уште
еднаш ја покажува незрелоста на Зеленски кој од комичар стаса до претседател на
Украина. Со ваквите активности, украинската амбасада дејствува на начин кој не одговара на статусот на едно дипломатско претставништво во странска држава и на директен начин се крши меѓународното дипломатско право. Единствена Македонија ја повикува марионетската власт во Скопје да постапи според Виненската конвенција за дипломатски односи и да ја прогласи украинската амбасадорка во Скопје за непожелна личност – persona non grata во Република Македонија. Република Македонија има меѓународно правно признато – право да прогласи одредена личност за непожелна поради заштита на своите национални интереси. А не е во национален интерес на Македонија македонски државјани да војуваат и гинат во Украина за туѓи интереси.
За време на војната во Сирија, Македонија донесе закон со кој им забрани на своите државјани да војуваат во странство. Но во случајот на украинскиот повик, овој закон целосно се игнорира.