Д-р Пановски за учебната година: Ќе одат две недели, па ќе продолжат со онлајн настава

Прочитај за: < 1 минута

Не знам како ќе реагираат епидемиолозите при појава на ковид-случај во училница, дали сите ќе одат во изолација. Нешто слушнав 10 % ако се заразени. Не сум сигурен што не чека, но веројатно по недела-две повторно ќе продолжат со онлајн настава, ако оди ситуацијата вака, изјави микробиологот д-р Никола Пановски за емисијата „Жешко политичко лето“.

Пановски посочи дека во средните училишта каде што има по 34 деца во клас, треба да имаме поделби на смени и веројатно тоа ќе се случи.

„Мое искуство е дека помладите деца се подициплинирани, така да кај средношколците не знам колку ќе носат маска, особено кога ќе го нема наставникот. Сметам дека средношколците кои се трета и четврта година веќе се имунизирани, затоа што имаа толку многу контакти во претходниот период, отколку што ќе имаат во училиште“, потенцира Пановски.

SHARE