Д-р Беќаровски со предупредување: Веднаш набавете брзи тестови, оти ќе поскапат

Прочитај за: < 1 минута

Д-р Нико Беќаровски предупредува дека е можно цените на ковид тестовите да се зголемат па затоа препорача да се набават навреме.

– Со доаѓање на есента и зимата оваа година неминовно ќе не заплисне и сезонскиот грип. Затоа додека цените на тестовите се уште не се скапи на светската берза, ВЕДНАШ набавете ги брзите комбинирани антигенски тестови Covid/InfluenzaA/B Combo test, со кои на релативно ефтин и временски краток рок ќе може веднаш да дијаностицираме болни од ковид-19 и сезонски грип. За еден месец можеби ќе биде предоцна – порача д-р Беќаровски.

SHARE