
Малку познатиот Мек Мекланг ги растури ривалите во натпреварот за најдобри забивања во рамки на Ол Стар викендот во Солт Лејт Сити.
Солт Лејт Сити после далечната 1993-та година одново го доби домаќинството на Ол-старот.
Во викендот во кој се одржува собирот на најдоброто што НБА го има, еден млад кошаркар, малку познат во јавноста, убедливо триумфираше во натпреварот за најатрактивни забивања.
Мек Мекланг (24) во моментов е член на тим од развојната Г лига, но под договор со Филаделфија ’76, па од таа причина можел да се пријави за натпреварот. Дури ни самите НБА кошаркари не го знаат.
MAC MCCLUNG HITS THE 540. PERFECT SCORE. ARE YOU KIDDING ME.#ATTSlamDunk x #StateFarmSaturday
📺: Live on TNT pic.twitter.com/ohSyYpMAq6— NBA (@NBA) February 19, 2023